Наши ѕвезди

Единствената болка во животот на најбогатиот фолкер од Македонија – живее како крал, но ова го растажува

Малкумина знаат дека овој пејач по потекло е од Македонија, но и дека овој период од годината ужива во својата луксузна куќа во турското Монте Карло

Advertisement

Песните на Јашар Ахмедовски и денес се големи хитови, но малкумина знаат дека човекот што ги пее по потекло е од Македонија.

Имено, Јашар по потекло е од Пласница, село кое се наоѓа меѓу Кичево и Прилеп, и секогаш со гордост го истакнувал тоа.

Advertisement

Тој денес важи за еден од најбогатите пејачи на Балканот, а има создадено бројни песни и за многу други познати музичари.

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

Беше мошне близок и со Саша Поповиќ, кој му беше кум на свадбата и со кого беа пријатели повеќе од 40 години.

Advertisement

Веќе со години е на самиот врв на балканската фолк-сцена, а мошне познат беше и неговиот брат Ипче, кој за жал загина уште како млад.

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

Единствената неостварена желба

Инаку, пејачот веќе долги години е во складен брак со својата сопруга Снежана, а во една пригода ќе истакне дека единственото нешто за што денес жалат е што немаат деца, иако отсекогаш ги обожавал.

„Се обидувавме многу пати, но за жал, не одеше. Тоа ни е голема неисполнета желба. Размислував за посвојување, но администрацијата тука е многу компликувана. Сепак, не се откажувам од таа идеја и се надевам дека еден ден ќе успеам да посвојат дете и да го одгледам со љубав. Децата отсекогаш ми биле блиски, посебно децата на моите браќа и пријатели, со кои сум многу поврзан“, истакна во една пригода познатиот пејач за „Блиц“.

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

Живот на висока нога

Познатиот пејач во текот на својата кариера има заработено големо богатство, но истото го има и паметно инвестирано.

Тој денес поседува и раскошен имот во Турција, каде го поминува овој период од годината, кога се уште не се превисоки температурите.

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

Неговата луксузна куќа која огромен двор со преубав базен се наоѓа на едно од најмонденските места во оваа земја.

Повеќе за тоа како Јашар со својата сопруга ужива на својот раскошен имот и што најчесто прави кога е таму, откријте тука.

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button