Едина го покажа трудничкиот стомак, но и кој лежи во креветот со неа – и без шминка си блеска (фото)
Позираше во црн тесен фустан кој совршено го оцртува нејзиното трудничко стомаче
Нашата поранешна кошаркарка го очекува своето прво дете
Една од нашите најпознати спортистки, Едина Муса, за неколку месеци ќе се оствари во улога на мајка.
Но и покрај бременоста, таа се уште редовно вежба во теретана, а поприлично е активна и на социјалните мрежи.
Од нејзините објави може да заклучиме дека ужива во бременоста, а сега покажа и како се дотерала за излегување со пријателките.
Инстаграм/ Едина Муса
Едина за оваа пригода избра црн фустан кој ја следи линијата на нејзиното тело, а целото издание го зачини со својата убава насмевка.
Инстаграм/ Едина Муса
Таа позираше пред огледалото, па во еден момент се сврте странично и го покажа трудничкото стомаче во преден план, а многумина беа изненадени од тоа како кошаркарката изгледа во шестиот месец од бременоста.
Инстаграм/ Едина Муса
Едина по неколку часа сподели уште една снимка, но овој пат како лежи во својот кревет во друштво на своите миленичиња.
Инстаграм/ Едина Муса
Тука беше нејзиното куче, но и мачињата, па Едина коа овој пат позираше без грам шминка на лицето, напиша:
„Што е ова, жити се?! Сите кај Максим“, алудирајќи на бебенцето што го носи во стомакот, а за кое веќе откри дека ќесе вика Максим.
Инстаграм/ Едина Муса
Следуваа бројни коментари и под оваа нејзина објава, а сите се согласни дека Едина блеска во својата блажена состојба.