Едина го покажа РАСКОШНИОТ ИМОТ во кој ужива со поранешниот сопруг на Тамара Тодевска (фото)
Насекаде зеленило, а таа покажа како вежба
Поранешната кошаркарка Едина Муса (33) покажа како го минува времето неколку недели пред да се породи.
Една недела по свадбата таа покажа како изгледа малиот рај во кој сега го минува времето со саканиот во Гевгелија.
И секогаш подготвена за акција, таа ги засука ракавите и излезе да вежба во големиот двор, опкружен со зеленило и дрвца.
Инстаграм/ Едина Муса
Останаа девет недели напиша таа под една од снимките откривајќи дека полека влегува во осмиот месец од бременоста.
Едина ги воодушеви сите и со тоа што покажа како вежба и кога не е во теретана, односно во дворот од куќата на саканиот.
Инстаграм/ Едина Муса
Ги покажа техниките на вежбање, но и големиот двор кој е сосема доволен за да го заврши успешно својот тренинг.
Инстаграм/ Едина Муса
Потсетуваме, Едина не само што не се откажа од вежбањето и покрај бременоста, туку таа цело време со своите следбеници делеше и методи како го прави тоа поттикнувајќи ги и другите на вежбање.
Инстаграм/ Едина Муса
Благодарение на редовните тренинзи, но кои потполно се усогласени со тоа што е во блажена состојба, Едина остана во добра форма, па изгледа одлично и во осмиот месец од бременоста.
Инстаграм/ Едина Муса
Тоа впрочем можевме да го видиме и неодамна кога ја облече белата венчаница и заблеска во прегратките на саканиот Александар Димитровски – Мачка, на кого претходната недела му се заколнаа на вечна љубов, во добро и во зло…
Како Едина изгледаше и како невеста, погледнете тука…