Еден скопјанец купил неколку кајсии и цреши, па се запрепастил кога слушнал колку треба да плати
Нема да ви се верува колку пари му побарале за неколку кајсии и едно канче цреши

На нашите пазари веќе некое време може да најдете преубави јагоди кои им ги разубавуваат тезгите на многу пазарџии.
Покрај јагодите, од неодамна се појавија и црешите, како и кајсиите, а нивната цена во моментов се движи околу 550 денари за вкусните цреши, односно околу 500-на денари за еден килограм кајсии.
Но токму заради превисоките цени, купувањето овошје се претвори во непријатно изненадување за многумина.
Приватна архива
Имено, еден наш сограѓанин кој сакаше да остане анонимен, се пожали дека за неколку кајсии и канче цреши му побарале 540 денари. Тој сакал да ги изненади своите деца, па ни не прашал за цената, туку само му кажал на продавачот да му спакува малку кајсии и троа цреши, а имал намера да купи и еден килограм јагоди.
Но кога продавачот му соопштил колку треба да плати, не само што останал без зборови, туку и без пари.
„Не прашав за цена, бидејќи мислев дека е скапо, ама не до толку. Имено, за помалку од половина килограм кајсии и за речиси исто толку цреши требаше да платам 540 денари, додека јагодите беа нешто поевтини, но јас сите пари ги потрошив за кајсиите и црешите“, вели тој.
Приватна архива
И овошјето станува луксуз?
„Претпоставувам дека со овие астрономски цени на овошјето, кое порано го имавме во изобилие, сега тоа ќе стана луксуз за многу наши сограѓани, додаде овој наш сограѓанин револтиран од превисоката цена.
Овој пример секако не е единствен, а често можат да се забележат и фотографии на социјалните мрежи со цени на овошјето.
Покрај овошјето поприлично високи цени има и зеленчукот, па многумина велат дека оваа година нема ништо од правење компот и мармелад, а можеби и зимница, бидејќи цените навистина се превисоки.
Х/Мајка на змаеви
Овошјето и во соседсвото е изгор скапо
Сите беа во шок и кога се појавија црешите на пазарите, односно кога дознаа дека за килограм цреши треба да платат околу 10 евра.
Тие моментално се движат околу 550 денари, додека до пред само неколку години се продаваа и десет пати поевтино.
Што се однесува до јагодите, кои веќе некое време ги има во продажба, тие сега на пазарите се движат околу 240 евра за килограм, додека за килограм кајсии потребно е да издвоите 500 денари.
Jednu kajsiju i tri trešnje, molim pic.twitter.com/7jtpylEC3I
— Milan (@losovac) May 11, 2025
И додека едни превисоките цени ги објаснуваат со тоа што зад нас имавме многу лоша родна година, други се шегуваат со ситуацијата, потсетувајќи дека наместо да купат цреши подобро би порачале таблет од Тему кој може да се најде и поевтино.
Но, таблетот не може да се јаде….
Останува да видиме дали и во текот на летото цените ќе продолжат вака да не изненадуваат, иако за сега прогнозите не се добри.