Еден од најбогатите Македонци клекна на колена – дијамантскиот прстен како во филмовите
Познатиот бизнисмен ја покажа својата романтична страна

Ова беше посебен ден за нив
Еден од најпознатите македонски бизнисмени и сопственик на приватната болница Неуромедика, д-р. Емил Угриновски, ги изненади сите со романтичното запросување на саканата.
Македонскиот бизнисмен познат и по својот стил на живеење,овој пин го направи како во холивудските ѕвезди.

Фејсбук/ Мош
Имено, тој својата сакана Андреа Ангелевска ја запроси филмски, на плажа, со огномет и голем натпис „Ќе се омажиш ли за мене?“.
На снимката која кружи на интернетот и ги воодушеви сите се гледа како познатиот доктор клекнува на колена.

Принтскрин/ Инстаграм, 24инфо
Андреа која е позната и по своите елегантни и впечатливи модни изданија што ги објавува на социјалните мрежи, беше видно изненадена, додека нејзиниот иден сопруг и го ставаше прстенот на раката.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:

Принтскрин/ Инстаграм, 24инфо
Потсетуваме, д-р Угриновски е сопственик и на познатиот бар ресторан „Мош“ каде пред неколку месеци го прослави роденденот.

Принтскрин/ Инстаграм, 24инфо

Принтскрин/ Инстаграм, 24инфо
За оваа елитна роденденска забава тогаш се зборуваше со денови, а на истата присуствуваа бројни познати гости.

Принтскрин/ Инстаграм, 24инфо
Тогаш за атмосферата беше задолжен една од најголемите балкански ѕвезди, Мирза Селимовиќ, а познатиот доктор и бизнисмен уште еднаш покажа дека не е само успешен лидер во бизнис заедницата, туку и дека знае како да го живее и слави животот со стил, за што сведочат и фотографиите од роденденската прослава.

Принтскрин/ Инстаграм, 24инфо
Сега, со неговиот последен потег, д-р Угриновски ја покажа и својата романтична страна и ги воодушеви сите.
View this post on Instagram



