Home Sweet HomeНаши ѕвезди

Еден од најбогатите фолкери од Македонија се пофали со ЛУКСУЗНАТА ВИЛА во турското Монте Карло

Ќе се изненадите од луксузот во кој ужива еден од најбогатите пејачи со македонски корени

Advertisement

Пејачот со својата луксузна вила знае да се пофали на социјалните мрежи, а најчесто позира надвор, окружен со палми, покрај базенот и со преубав поглед….

И додека многу негови колеги во текот на летните месеци батериите си ги полнат на Јадранско море или во Грција, тој ужива во Турција.

Станува збор за фолк-пејачот Јашар Ахмедовски, еден од најуспешните, но и најбогатите музичари на Балканот. Тој по потекло е од Македонија, од прилепското село Пласница каде го минува детството, а по основното училиште се запишува на средно медицинско во Сараево.

Advertisement

Јашар денес кога времето ќе се стопли заедно со својата сопруга заминува во Турција каде ужива во познатото одморалиште Фетије.

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

Пејачот на ова место има луксузна вила со базен, а како што самиот вели, Турција му одговара како заради храната, така и заради музиката.

Advertisement

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

Неговиот луксузен имот денес благодарение на социјалните мрежи може да го видиме како изгледа, но и како пејачот ужива во него.

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

И како што самиот откри во една пригода, најмногу сака да оди во својата вила во мај и јуни, кога температурите се најпријатни.

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

Од друга страна, бидејќи јули и август се премногу топли, Јашар го избегнува овој период да оди на ова место, но потоа во септември повторно ќе се врати.

Кога ќе се стопли, пејачот со сопругата ужива на ова место

Понекогаш знае тука да престојува и во октомври и така секоја година, па благодарение на сето ова го научил и турскиот јазик.

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

Потсетуваме, Фетије е монденско место и нема премногу туристи како во Анталија, а излегува и на Средоземното и на Егејското море.

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

Местото е познато и како турското Малдиви, а плажата Олудениз која е долга три километри е една од најубавите во цела Турција.

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

На ова место се наоѓаат остатоците од тврдината што во 15. век ја изградиле витезите од Родос, а познато е и по бројните споменици од хеленистичкиот и римскиот период.

Инстаграм/ Јашар Ахмедовски

Преубавата плажа Олудениз е позната и како Сина лагуна, а дел е од истоимениот национален парк.

@tourista2023

📍Fethiye, Turkey 🇹🇷 #explore #thingstodo #tourista2023 #reels #shorts #travel #vacation #tourism #voyage #viral #viralvideo #fypシ #pourtoi #foryou #bestdestinations #luxurytravel #traveltiktok #traveling #europe #tiktoklife #tiktoklongs #fethiye #turkey

♬ Hele Bi (Club Version) – Alişan

Во самиот град постојат бројни занимации за туристите, а покрај турските базари, хотелските комплекси и кафулиња, односно ресторани, има и сосем доволен број дискотеки за оние што сакаат ноќен живот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button