Реклама
MAMAКафе муабет

Еден иселеник споделува со што се сретнал кога се отселил во странство

Реклама

Кога луѓето се упатуваат на работа во странство, изгледа дека им доаѓаат многу нови проблеми. Еден иселеник споделува со што се соочил кога прв пат заминал в туѓина.

ФОТО: bestlifeonline.com

Најголем проблем со кој се соочив беше недостатокот на детално планирање. Прв проблем настана кога почнав да барам работа. Тука не функционира се’ како дома. Потоа, јазикот ми беше една голема пречка.

Кога стигнав овде мислев дека доволно добро го зборувам, додека не почнав да комуницирам со луѓето. Тогаш сфатив дека она што го учев немаше голема врска со она тука. Секоја покраина, па дури исекој град има свој дијалект кој може да се научи и да се сфати дури кога ќе се живее тука.

Маркетинг

Второ, со изнајмувањето на стан, морав да мислам и на мебелот. Не успеав да најдам наместен стан. Исто така проблем ми беше и туѓата култура. Мој совет е: Прифатете ја туѓата култура, прифатете ги луѓето и новата земја, па тогаш и вие ќе бидете прифатени.

Од моето искуство сфатив дека германците не се толку ладни како што се зборува за нив, туку тие се многу љубезни и сочувствителни, само ако и вие бидете такви кон нив.За крај ќе ви кажам дека не треба од почеток да барате удобности и луксуз. Ако не успеете веднаш, тоа не значи дека никогаш нема да успеете!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button