Реклама
Кафе муабет

Еден ден ќе те погледнам во очи и повеќе нема да боли

Реклама

Еве како една девојка решила да стави крај засекогаш на бившата љубов.

kraj

Еве како една девојка решила да стави крај засекогаш на бившата љубов.

Маркетинг

Ми требаше многу храброст да го напишам ова. Речиси осум години сакав само една личност. Тој ме сакаше од неговите 14 години, а мене ми требаа дополнителни две години за да сфатам дека и јас го сакам. Многу работи поминавме заедно. Трошевме пари и јадевме во училишните ходници. Сѐ додека не требаше да одиме на факултет, токму на различни. Но јас бев прилично сигурна дека ќе го преживееме тоа… и навистина беше така. Тој беше моја голема мотивација за завршување на факултетот. Доаѓаше кај мене, ми помагаше со проекти, ме водеше на ручек после напорниот ден. Тој беше единствениот што го видов кога ја земав дипломата. И најпосле можев да кажам дека успеавме. Поминуваа месеци и двајцата најдовме работа. Тој беше со мене кога умре татко ми. Јас бев со него кога умре мајка му. И во среќните и во тажните моменти, ние си бевме поддршка еден со друг. Многу работи преживеав токму поради него. Затоа што тој беше со мене. Бевме идеален пар. Не можев да замислам дека некогаш ќе можам да сакам некој друг. Затоа што ја пронајдев мојата сродна душа уште додека носев зелен џемпер, црна кожна јакна и чевли со бели чорапи. Мојата иднина беше со него. Тој беше личноста која сакав да ја видам додека чекорам кон олтарот. Ја сакав врската која ја имавме. Но сега на сето тоа дојде крај. На врската со љубовта на мојот живот. Мојот верен сопатник, партнер за патување, помошник во стресните ситуации, одговорот на сите мои прашања.

Искрено ти ја посакувам сета среќа, дури и ако таа среќа повеќе не ме вклучува мене. Се надевам дека ќе ги оствариш своите соништа. Иако веќе не можам да бидам сведок на тоа, знам дека и од далеку ќе навивам за тебе. Заслужуваш повторно да сакаш. Како и јас. Но не се каам што те сакав. Тоа што те сакав беше мојата најдобра одлука во животот. Еден ден повторно ќе се сретнеме и ќе те погледнам во очи, а тогаш нема повторно да ме болиш. Еден ден ќе разговараме за тоа колку се сакавме и како тоа нѝ помогна да засакаме некој друг. Мое семејство и пријатели, вие знаете на кој мислам. Ви благодарам. Ова не би го преживеала да не бевте вие тука за да ме поддржите. Ви благодарам што верувавте во нас. Ова ќе биде мојата последна објава за него, за нас

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button