Еден ден ќе станам претседател на МАКЕДОНИЈА – интервју со водителот ДАВИД ДАВИДОВСКИ
Водителот Давид Давидовски не престанува да биде тема на муaбет во чаршијата. Уште од самото свое појавување во јавноста тој го привлече вниманието кај пошироката јавност, што поради својот екцентричен изглед, но и по тоа што нема влакна на јазикот.
Со неговото препознатливо шоу „Ти реков ми рече“ тој направи бум на естрадата, успеа да донесе многу познати личности кои за првпат си ја отворија душата, имаше и драми, кавги и убави моменти. Но што се случи со оваа емисија и зошто ја нема повеќе?
Наш гостин денеска е харизматичниот Давид кој ќе ни открие се’.
Зошто престана да ја снимаш емисијата ,,Ти реков ми рече”?
-Од кога знам за себе ја сакам оваа моја водителска работа, многу млад почнав да работам како водител, а и бев прв во Македонија кој направи ток-шоу на јутјуб. Мојата желба беше телевизија, но во тој период телевизиските куќи не го поддржуваа проекот, затоа што политичките емисии и турските серии “биле попосакувани и погледани”. Се уморив, горд сум дека ја реинкнкарнирав македонската естрада, па после мене се отворија уште 100 емисии кои неуморно ги копираат моите фори, досетки, прашања и рубрики.
На што работиш во моментов?
– Работам на едно спектакуларно музичко шоу кое се вика ,,Хит мејкер” снимав неколку епизоди се надевам дека ќе се емитува на телевизија што е можно побрзо и работам на уште еден шоу проект кој ќе биде вистинско изненадување за сите мои фанови, а и за целата држава.
Од досегашното искуство кој би го издволи од македонската естрада како човек кој те фасцинирал и на кого му се воодушевуваш?
– Александар Ристовски-Принц, Бојана Скендеровски и Дарко Гелев-Брејк. Они ми се идоли за успех, Принц кога станува збор за екстраваганции јас често знам да се нашалам и со него му велам дека тој е Давид Давидовски во младите денови хаха, Бојана е многу убава и секси, преталентирана, храбра и добар човек, а Дарко е најубавиот и најсекси маж на нашата естрада интелигентен, храбар, талентиран со еден збор ТАТКО!
Има ли пејачи кои не ти се допаѓаат?
– Да, они кои се дрогираат и пејат аутотјун стихотворбици со лоша содржина.
Каков е твојот љубовен живот?
– Многу девојки се плашат да бидат со Давид Давидовски затоа што се со врежани стравови поврзани за мене и за мојот живот итн… После толку интервјуа кои сум ги давал, после толку многу градски приказни кои се слушале за некои мои љубовни и секс аферички не знам зошто има луѓе кои се прости и мислат дека сум геј хаха.
Кои се најубавите девојки според тебе од нашата естрада?
– Па еве веќе ја споменав Бјана Скендеровски, Тара Симов, Милена Антовска, Елена Велевска, Ангела Василевска, Вера Мештеровиќ, Каролина Велковски, Калина Велковска, Барбара Попович има многу ама како што забележавте сите се овие високи, убави, успешни а и постари девојки од мене, таков ми е вкусот хаха.
На публиката и се допадна многу твоето јавно изразување на сочуство за Зоки Фаци, во какви односи беше ти со Зоки и во какви односи си со Стефан Лазаров?
– Нека му е лесна земјата на Зоки, ние гостуваме по нашата кавга и во една емисија, се смиривме, се гледавме неколку пати случајно низ град, бевме навистина во одлични односи. Што се однесува за Стефан, не комуницирам со него, но јас ја практикувам онаа кинеска поговорка: ,,Ако не можеш со мене да бидеш пријател, не биди ниту непријател”. По оваа случка со Зоки сфатив колку животот е краток, најважен е душевниот мир, треба да сме сложни сите ние како народ, нека владее животната хармонија меѓу луѓето, а не омразата. Јас му простувам се на Стефан.
Кои се твоите планови во иднина?
-Да сум жив и здрав само, се додека сум вака убав и згоден значи се до моите 50 години планирам активно да се бавам со шоу-бизнис. Планирам да отворам своја телевизија и радио еден ден, а по 50-тата година планирам да станам и претседател на Македонија.