CelebrityНовости

Еден час доцнење, публиката бесна и си ги бара парите назад – дали Владо Георгиев повторно се појави „дрво пијан“ на концертот во Белград?

Advertisement

Еден час доцнење, разочарана публика и низа реакции ја одбележаа вечерта на концертот на Владо Георгиев, одржан на 6 декември во Белградската Арена. Настанот, кој требаше да започне во 21 часот, започнал значително подоцна, а додека публиката чекала, на сцената настапувал неговиот долгогодишен пријател Игор Лазиќ – Нигор, објавува српскиот „Информер“.

Многу посетители преку Инстаграм споделувале видеа и коментари, нагласувајќи дека во арената имало празни места и дека чекале повеќе од час без никакво објаснување. Дел од нив дури посочиле дека морале порано да си заминат, поради што не го проследиле целиот концерт.

Advertisement

По бројните реакции се огласи и Здружението на потрошувачи „Ефектива“, кое порача дека посетителите имаат право да побараат делумно враќање на средствата. Од здружението наведуваат дека концертот започнал со значително задоцнување и дека за оваа состојба одговорноста ја носи продавачот на билетите, на кого може да се поднесе официјално барање за намалување на цената.

На социјалните мрежи продолжија критиките, вклучувајќи саркастични и гневни коментари од обожавателите, кои потсетија дека слични ситуации се случувале и во минатото. Сепак, Владо Георгиев веќе има закажано нов концерт на 13 декември, а дел од публиката се прашува дали следниот настан ќе помине без вакви непријатности.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button