Ечи наша песна сред Австралија и од 65 кат – еве како се забавуваат нашинците во оваа далечна земја
Ја фати хармониката и ја запеа својата најпозната песна, но на едно по малку необично место...

Велат не нема, а ние насекаде!
Спасен Сиљаноски важи за еден од најбараните естрадни личности кој во последните неколку години не престанува со работа.
Моментално тој е на својата турнеја во Австралија, а слободното време го користи да се одмори помеѓу два настапи, но и да се запознае со убавините на оваа земја во која живеат многу Македонци.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Па така тој деновиве покажа како изгледа додека свири на хармоника на 65 кат, а со оваа снимка го најави и својот следен настап.
Имено, Спасен веќе има закажано неколку концерти, па бројни наши иселеници ќе можат да уживаат во неговите хитови.
Од она што може да го видиме од снимките што испливаа досега, на овие настапи секогаш е полно до последно место и се бара влезница повеќе, а Спасен со колегите музичари ги воодушевија гостите.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Неколку детали од една негова свирка, погледнете во продолжение…