Наши ѕвезди

Ечат убави македонски песни во Ѕвездите на Гранд – Цеца воодушевена, падна на шармот на ова момче

Филип со песни од Јордан Митев и Влатко Миладиноски го украде шоуто во „Ѕвездите на Гранд“

Advertisement

Оваа сабота започнаа квалификациите за третиот круг во „Ѕвездите на Гранд“, најгледаното музичко талент-шоу на Балканот.

Од шеснаесетте кандидати во првата емисија од вториот круг директно во следниот круг поминаа само седуммина.

Advertisement

Еден од нив е и Филип Александровски од тимот на Ѓорѓе Давид кој и овој пат со својата изведба ги воодушеви сите.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Филип се натпреваруваше во дуел со Босанецот Дино Џулбеговиќ од тимот на Драга Којиќ Кеба кој исто така беше одличен.

И додека по првиот настап впечатоците на жирито беа изедначени, Филип го украде шоуто со втората песна.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Резултатот на крај беше 5:4 во корист на кандидатот од Македонија, додека Босанецот заврши во бараж.

По нивниот настап, Сања Вучиќ ги пофали и двајцата, но сепак предност му даде на Филип, иако гласаше и за Дино.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Цеца пак, не криеше дека паднала на шармот и насмевката на младиот пејач од Македонија, па затоа и го советуваше до крај да остане таков.

И пејачката Ана Бекута беше воодушевена од Филип, посебно што пееше на мајчин јазик, што беше за секоја пофалба. Имено, Филип најпрво се претстави со песната „Кога тргнав Цвето“ од Јордан Митев, а потоа и со „Ај да ојме мила Јано“, од Влатко Миладиноски.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Толку многу убави песни имате и многу ми е жал кога не пеете на мајчин јазик. Беше одличен, изненадувачки добро за само 20 години. Имаш некој таков пристап, неверојатно, му порака Бекута на Филип.

Инаку, разликата во гласови ја направи Александар Милиќ Мили, според кој Филип за нијанса беше подобар од Дино.

„На мене нешто не ми се допадна втората песна на Филип, ама заради годините ти дадов глас. Ама и настапот ти беше одличен. А Дино, што се однесува до тебе, пееше одлично и имаше емоции, ама немаше динамика, не беше интересно. Не ти дадов глас за да те разбудам, со таква боја мора да се разбудиш“, го посоветува Мили вториот кандидат.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Имав многу работа од Филип да го искоренам кафанскиот манир, така што тоа многу го чистивме и многу ме нервираше. Не знам дали ќе пееме само македонски мелос, се уште бараме. Ви се заблагодарувам на сите“, порача менторот на Филип, Ѓорѓе Давид.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, Филип е роден 22 јануари 2005 година во Куманово и моментално максимално е посветен на пеењето.

Тој во претходниот круг со својот шарм успеа да ја освои Дара Бубамара, па таа тоа го сподели со останатите, но и ги насмеа сите.

„Помислив колку си преубав, ми се допаѓа твојот стил, и тие тетоважи, но ајде на страна тоа, ми се допадна и твојот глас, изборот на песни, па помислив дека можеш да бидеш голема ѕвезда, тоа е моето мислење“, му порача тогаш популарната пејачка на младиот пејач.

Како изгледаше и овој настап на Филип, потсетете се тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button