Заборавете на илјадниците украси, лампиони, ленти, затоа што сега новогодишната елка можете да ја декорирате на сосема нов начин!
Тоа ни го покажа една креативна мајка која на својот стар шатор му дала нов изглед, и тоа само во неколку чекори. Со ова ја донесе празничната атмосфера во нејзиниот дом. Како што објаснува таа, се’ што ѝ било потребно за декорација се гранки од природна елка, шатор, меко ќебе, ламбички и машна која можете да ја додадете по ваша желба.
Прво го расклопила шаторот, а потоа почнала да закачува гранки околу дрвената рамка. Водела сметка да ги пополни сите празници, при што однапред подготвила мали гранки од дрво. Отворот го прекрила со прекривач, а елката ја декорирала со ламбички, украси и машна. Како резултат добила преубава елка која делува гламурозно и оригинално.
Она што го истакнува оваа мајка е тоа што оваа елка воодушевила многу корисници, затоа што нуди простор за играње, а воедно во ова скриено катче можете да ги сместите своите подароци за најмилите.