Реклама
Вирално

Е ваков „Лидл“ немате видено, ќе се изненадите – и во Македонија ќе бидат посебни, еве и зошто

Еве како изгледа еден „Лидл“ во Португалија, ова видео воодушеви многумина од целиот свет

Реклама

Една тиктокерка предизвика воодушевување со своето видео што го направи во еден маркет на „Лидл“ во Португалија.

Таа ги сними свежите морски плодови и локалниот специјалитет како „ pastéis de nata “ кои привлекоа големо внимание.

На снимката се гледа најразична морска храна, крајно атрактивно преставена, додека пекарата нуди специјалитети како „pastéis de nata“.

Маркетинг

Принтскрин/ ТикТок

Интересен е и просторот кај касите украсен со шарени плочки заради кои овој „Лидл“ изгледа поинаку од сите останати.

Маркетинг

Принтскрин/ ТикТок

Принтскрин/ ТикТок

Видеото што го објави тиктокерката и денес е хит на социјалните мрежи и има милионски прегледи и илјадници коментари.

Принтскрин/ ТикТок

И сите се согласни дека ова е најубавиот Лидл што го виделе, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение.

Принтскрин/ ТикТок

Инаку, концептот на „Лидл“ е да ја прилагоди својата понуда на локалните потреби и преференции, а неговата основна филозофија е клиентите заслужуваат најквалитетни производи по цени што секој може да си ги дозволи. Токму затоа и продавниците во Португалија се богати со свежи морски плодови, шкампи и школки додека во други земји нагласени се оние производи кои ги одразуваат локалните вкусови и традиции – од специјалитетите во пекарите до сезонските производи, па такви најверојатно ќе бидат и „Лидл“ маркетите кај нас.

Принтскрин/ ТикТок

Потсетуваме, големиот германски трговски синџир „Лидл“, чие влегување на македонскиот пазар се најавува веќе подолго време, ја купи локацијата на продажниот центар „Бриколаж“ од компанијата „Скопски пазар“ и на ова место се очекува да биде отворен и првиот маркет „Лидл“ во Македонија.

Нашите граѓани веќе со години наназад пазаруваат во маркетите на „Лидл“ во соседството, а на Скопјани најблискиот им е во Врање. Кога ќе биде отворен првиот Лидл во нашата земја, но и каде сé би требало да ги им овие маркети, погледнете тука

@julyontour

Ein Traum😍 #lidl #portugal🇵🇹 #algarveportugal #algarve #tiktoktravel #lidlportugal #einkaufen #meeresfrüchte #pasteisdenata

♬ original sound – Kardashian clips 🎬

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button