Реклама
Шопинг

Е уште ова ни фалеше – ќе се изненадите од најлудите фармерки за оваа пролет што веќе се хит

Не, не е шега, навистина се хит во светот...

Реклама

Новите трендови во продавниците веќе го најавуваат преодниот период, но и волшебниот мирис на пролетта.

Па така за сите оние на кои им е потребно малку позитивна енергија во овие луди времиња, ви предлагаме да направите прошетка и да ги разгледате новитетите во вашите омилени продавници.

Она што ние веднаш го забележавме е дека тексасот оваа пролет се враќа на голема врата, па така покрај фустанот од „Зара“ кој неодамна не инспирираше и да напишеме текст за него (види тука), решени сме наскоро подетално да му посветиме време на овој тренд.

Маркетинг

Принтскрин/ ТикТок

Но претходно би сакале да ви покажеме и еден модел кој изненади многумина, па преку ноќ стана вирален и во целиот свет.

Маркетинг

Принтскрин/ ТикТок

Станува збор за фармерки, но далеку од сите оние класични модели што сите ги имаме во нашие плакари.

Некои брендови очигледно се потрудиле да отстапат од вообичаените кроеви и да понудат нешто ново, но и потполно неочекувано.

Принтскрин/ ТикТок

А овој модел од „Coperni Paris“, моден бренд основан во Париз во 2013 од Себастијан Мајер и Арнауд Вилант, познати по своите иновативни и футуристички дизајни, дефинитивно е нешто неочекувано.

Принтскрин/ ТикТок

И не, не станува збор за бренд кој на овој начин сака да се пробие во светот на модата и да стане популарен, туку за бренди кој веќе е препознатлив по тоа. Сетете се само на спреј-фустанот на Бела Хадид или чантата инспирирана од дизајнот на „Ејпл“ – да, ова е еден од највозбудливите современи брендови.

И токму затоа и не треба да не чуди што и оваа сезона токму со нивен потпис е уште еден од најнеобичните, но и највиралните модели.

Принтскрин/ ТикТок

Овој пат станува збор за фармерки кои преставуваат комбинација од тексас шорц и класични фармерки кои преку ноќ станаа вит.

Принтскрин/ ТикТок

Како и зошто, погледнете во продолжение:

@kristy.sarah

possibly the most controversial jeans on the internet #coperni #jeans

♬ original sound – Kristy Sarah

Па, доколку случајно сте една од оние дами кои по секоја цена сакаат да го имаат овој модел (а сите знаеме зошто, нели?), тогаш не заборавете дека истиот може да биде ваш по цена од „само“ 350 евра. А ќе го најдете на официјалната страница на „Coperni Paris“.

Инстаграм/ Коперни

И, дали би носеле нешто вакво? Каде и како?

На следната страница погледнете ги и останатите модели…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница

Поврзано

Back to top button