Е ова е љубов и чиста емоција – погледнете како овие три убавици ја израдуваа нашата најголема легенда
Беше весело во домот на Панчев

Голема радост за целото семејство на познатиот фудбалер
Сопругата и двете ќерки на легендарниот македонски фудбалер Дарко Панчев со преубави пораки му го честитаа роденденот.
На нивните објави се гледа и Дарко, кој никогаш не бил посреќен, посебно во друштво на овие три грации.
Инстаграм
Неговите наследнички споделија фотографии и од тортата што си ја доби со свеќи во форма на бројот 60.
Неговата помала наследничка, Марија Панчев, сподели и една стара фотка од младоста на Панчев, кога таа била бебе.
Инстаграм
„Среќен роденден легендо“, му напиша Марија на фотографија, а убава порака сподели и неговата сопруга, Маја Гроздановска-Панчева.
Најсреќен роденден тато наш“, напиша Маја.
Инстаграм
„Среќа 60-ка татичко, уште многу долги да живее, да се смееш и да продолжи да ја шириш позитивната енергија како и секогаш. Те сакам“, напиша Надица, постарата ќерка на легендарниот фудбалер.
Инстаграм
Тие споделија и неколку фотки од нивниот дом и покажаа како Дарко се радуваше на подароците што ги доби.
Потсетуваме Маја и Дарко се во брак 25 години, а се запознаа по настапот на пејачката на штипскиот Макфест во 1998 година.
Инстаграм
Маја во една пригода за Гламур откри дека Дарко ја освоил со својата скромност, но и со тоа што секогаш е внимателен.
Инстаграм
Круна на нивната љубов се нивните две ќерки, Надица и Марија, а пејачката е осум години помлада од него.
Инстаграм
Таа во мај оваа година прослави 52 години, а како изгледаше и овој весел ден во нивното семејство, потсетете се тука.