Реклама
Uncategorized

Eве кои маркети не ја почитувале владината одлука за намалување на цените – Затворени се пет дена

Реклама

Во саботата, според директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, биле извршени над 50 контроли при што затворени се пет големи ланци на маркети по основ на Законот за потрошувачи, односно по основ на нечесни трговски пратки, а седум маркети се казнети поради непочитување на владината одлука.

– Петдневно затворање е доволно за овие компании, рече денеска Трајковски, кој заедно со министерот Бектеши и со премиерот Димитар Ковачевски беше во посета на компанијата „Алма-М“.

Со новата мерка на Владата, како што соопшти премиерот Ковачевски, кај повеќе од 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната и месната индустрија, цената е намалена за 10 проценти во однос на цената од 1 август, а кај некои намалувањето е од 30 до 40 проценти.

Маркетинг

– Во маркетите веќе овие производи добија ознака „гарантирана цена“, со оваа мерка придонесуваме и покрај инфлациските притисоци, заеднички и солидарно даваме поддршка на нашите граѓани, рече Ковачевски.

Маркетинг

Во однос на денешната изјава на извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев дека маркетите немале доволно време за да се „престројат“ во однос на намалувањето на цените, министерот Бектеши рече дека одлуката не е направена преку ноќ и дека маркетите имале рок од речиси 10 дена да ги направат измените.

– Имав директни состаноци и со големите ланци супермаркети, и со добавувачите и со производителите една недела пред да се донесе мерката на Влада, рече Бектеши.

Законот за нефер трговска практика, според најавите на министерот Бектеши, во текот на оваа недела ќе биде доставен до Владата.

Меѓу маркетите што беа затворени во текот на изминатиот викенд се и „Веро“ и „Вива фреш“, посочи министерот за економија, Крешник Бектеши, во одговор на новинарско прашање, коментирајќи дека не му претставува проблем да каже кој не ја почитувал владината Одлука за намалување на цените.

Според него, во државата има осум до десет големи синџири со маркети во речиси секој град. Тие покриваат најголем дел од трговијата, прават најголем промет и „логично е што Државниот пазарен инспекторат токму кај нив ги правеше првите контроли“. А, компромиси ќе нема, така што мерките ќе бидат целосно реализирани.

Министерот ги испрати пораките од компанијата „Алма М“, која што беше со ремиерот Димитар Ковачевски и со директорот на ДПИ, Горан Трајковски.

„Со последната владина мерка кај одредени категории и производи веќе има намалување на производите над 10 проценти, а кај некои намалувањето е од 30 до 40 отсто. Со оваа мерка придонесуваме, и покрај инфлациските притисоци заеднички и солидарно даваме поддршка на нашите граѓани“, рече премиерот. Кој освен апелот за почитување на одлуката, упати и благодарност до инспекторите од ДПИ „за ажурноста и ефикасноста во проверките“.

Како што посочи Ковачевски, сите мерки што се носат имаат економски, но пред сè социјален карактер, зашто со нив се штитат „пензионерите, ранливите категории граѓани, невработените лица, самохраните родители, сите корисници во системот на социјална помош, работниците, особено оние со пониски примања“.

Веќе утре ќе се донесе и најавената одлука за намалување на цените на алкохолните и на безалкохолните пијалаци. Се прави и анализа за хигиенските производи, наведе Бектеши.

Инаку, за укажувањето од Антони Пешев од Стопанската комора дека кус бил периодот за престројување, министерот коментира дека одлуката не е донесена преку ноќ, а трговците имале рок да ги направат сите измени.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button