Вести

Eве кога ќе има ново зголемување на пензиите!

Advertisement

Неготински пензионери и денеска мирно протестираа на градскиот плоштад во Неготино, повторувајќи ги барањата за повисок животен стандард.

На овој начин, како што рекоа, го изразуваат своето разочарување од нарушеното достоинство во третото доба, револтирани од малите пензии и тешките пензионерски денови. Повторно носеа транспаренти на кои се испишани нивните барања за зголемени пензии.

Advertisement

фото пекселс

-Бараме повисок стандард, линеарно покачување на пензиите од по пет илјади денари, минималната пензија да биде 20 илјади денари. Си ги бараме нашите пензионерски права и услови за подостоинствен живот, рече пензионерката Ката Апостолова.

Веќе извесен период, пензионери од Неготино и Кавадарци протестираат во одредени денови, барајќи да се слушне нивниот глас и да им се подобрат пензионерските денови.

фото пекселс

Неготинските пензионери пред неколку дена извесно време го блокираа и патот од Неготино кон Кавадарци, на тој начин, како што рекоа, изразувајќи го својот револт поради ниските пензии и тешкиот пензионерски живот. Со транспаренти се движеа и по главната улица во градот.

Претходно, тие го блокираа на еден час влезот и излезот на Неготино откај Гевгелија, за, како што рекоа, да алармираат за нивните проблеми и да побараат нивно решавање.

фото пекселс

Околу еден час група пензионери го блокираа сообраќајот на влезот на Тетово, по вторпат во две недели, со што уште еднаш го изразија своето незадоволство од ниските пензии. Тие велат дека не се откажуваат од нивното барање за повисоки пензии и линеарно покачување.

Претседателот на тетовското Здружение на пензионери вели дека оваа категорија граѓани е запоставена, поради што дошло време преку протести да бараат подостоинствен живот.

„Триесет и две години молчеле. Но, сега, бидејќи има многу проблеми, многу се ниски пензиите, донеле заклучок пензионерите на ваков начин, преку протестите да треба да ги добијат правата нивни“, изјава Селвер Мемети, претседател на Здружение на пензионери – Тетово.

фото пекселс

Согласно новата методологија за раст на пензиите тие и понатаму ќе растат два пати годишно во март и септември, објави Biznispro.com.

Секој март и септември пензиите ќе се усогласуваат со методологија која ги следи инфлацијата и просечната плата.

Со новата методологија која беше утврдена минатата година, пензијата е зголемена за 24 отсто.

Минималната пензија од 9000 денари таа согласно последното усогласување таа порасна за околу 4000 денари односно над 13.000 денари.

Во септември пензијата се зголеми за 5,3 проценти. А следното зголемување се очекува следниот март.

За тоа колку би било зголемувањето зависи од статистиките, но со најавата дека минималната плата ќе стигне 380-400 евра растот на пензиите следната година не би требало да биде минорен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button