Реклама
Нега и здравје

Рецепти за џусеви со кои ќе си го прочистите организмот по празниците

Реклама

Ако планирате да претерате со храна (а и со алкохол) и имате грижа на совеста поради тоа, ова ви е одлична можност да преземете мерки за враќање во нормала.

Секако, доколку убаво се организирате постапката можете да ја спроведете и во текот на неделата.

Маркетинг

Освежете се со природни сокови кои самите можете да направите во домашни услови и помогнете му на вашиот организам да се прочисти. Главни намирници што ќе ви помогнат во детоксикацијата се овошјето и зеленчукот. Помеѓу нив, најдобри се цитрусите (лимони, портокали, цитрони) кои се богати со витамин Ц и кои се вистински пријател на вашиот имунолошки систем. Покрај цитрусите, јадете и јаболки и киви, кои исто така многу помагаат за оваа цел.  Што се однесува до зеленчукот, изберете листест зелен зеленчук (кељ, спанаќ) кој претставува извонреден извор на железо, витамин К, витамин А, витамин Ц, калциум и  антиоксиданси. А токму тоа е она што најмногу ви е потребно по „напорните“ и секогаш „луди“ новогодишни празници.

РЕЦЕПТИ

Маркетинг

За детоксикација на организмот

5 листа кељ или спанаќ, 3 јаболки, 1 лимон, 1 краставица

Начин на подготовка: измијте ги сите намирници и ставете ги во соковникот. Доколку не ви се допаѓа некоја од намирниците, слободно заменете ја со друга. На пример, наместо лимон можете да употребите портокал.

За зголемување на имунитетот

1 цитрон, 1 портокал, 2 киви
Подготовка: излупете ги намирниците и ставете ги во соковникот. Кивито содржи скоро двојно поголема количина на витамин Ц од што ви е потребно дневно, а цитронот и портокалот се уште посилни по ова прашање.

За убава и здрава кожа

1 јаболка, 1 круша, 1 рака цреши (наместо цреши можете да употребите кои било бобинки)

Подготовка: измијте ги убаво сите намирници и ставете ги во соковникот. Наведеното овошје содржи витамини А, Б, Ц и Е, т.е. лутеин кој учествува во создавањето на колагенот кој е одличен за помлад изглед на кожата.

Извор: Health.com, moda.hr

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button