Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, Моден Викенд Скопје (FWSK) и Македонската Mодна Формација (MFF) објавуваат јавен повик за дизајнери од Македонија да ги прикажат нивните креации на модната ревија „Џезот и модата,“ што ќе се организира во Амбасадата на САД.
Главна цел на овој настан ќе биде промоција на модната индустрија во Македонија. Инспирирани од богатата џез култура, идните млади дизајнери ќе имаат можност да го презентираат својот талент заедно со некои од најистакнатите дизајнери во Македонија, создавајќи нови и уникатни модели.
Конечната селекција на учесниците ќе биде направена од страна на стручно жири, составено од претставници на MFF, FWSK и на Амбасадата на САД. Дванаесет избрани дизајнери ќе бидат поканети да ги претстават своите креации на гала вечер организирана од страна на Амбасадата на САД во рамките на петтото издание на Модниот викенд Скопје (3-8 април 2012).
Проектот е поддржан од Текстилната трговска асоцијација на Македонија – Кластер за текстил, како и фабриките „ Албатрос“, „Окитекс“,“АФГ”, “ИНТ”, и “ЛИНЕА”.
Краен рок за поднесување на пријавите е 20.02.2012 година.
За подетални информации: www.fashionweeks.mk, info@fashionweeks.mk
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.