Време е за .. тополи и симпатични џемпери …
Метеоролозите најавуваат дека ни претстојат студени денови, па можеби сега е вистинскиот момент да ги извадите убавите стари џемпери од плакарите (секако, ако веќе не сте го направиле тоа). Некои девојки сметаат дека топлите месеци се многу поинтересни кога се модните комбинации во прашање, но ние дефинитивно не се согласуваме со тоа. Добар пример дека тоа не е така се токму џемперите – тие прекрасни парчиња кои можете да ги комбинирате на милион начини и секогаш да изгледате совршено и тренди во нив. Да, зимската сезона ја обожаваме токму поради џемперите, без разлика дали се предимензионирани, кратки, со ролка, и без разлика дали ќе ги носиме со сукна или панталони со длабок струк.
Па доколку сте во потрага по добра комбинација која ќе ве инспирира како да ги носите вашите омилени џемпери, погледнете ги овие што ги избравме од Инстаграм преку хаштагот #sweaterweather . А потоа доколку сакате да ја збогатите вашата зимска колекција со топло парче, кликнете тука или отворете ја галеријата на крајот од текстот во која ќе ги видите најубавите модели од комерцијалните брендови за оваа сезона.
НАШИ ПРЕДЛОЗИ
Bershka 1.190 MKD
Mango $59.99
Zara 1,990.00 MKD
Zara 3,990.00 MKD
види повеќе » |