Џабе носи костим за капење кога НЕ може да сокрие ништо – кога ќе се сврти, мажите почнуваат да се потат и паѓаат во несвест!
И додека се соочуваме со променливо и релативно студено време, некаде на некои други места на светот веќе на големо се носат костими за капење.
Тоа можеме да го видиме и од фотографиите што преку ноќ станаа вирални, а на кои познатата американска ријалити ѕвезда Ларса Пипен се шета на плажата во Мајами и позира во костим за капење. Но секако не обичен туку еден од најжешките што сме ги виделе оваа сезона.
Станува збор за модел кој и покрај тоа што е со затворено деколте, во долниот дел е мошне оскуден, со тенка лента која се врзува на половината.
Но ако предниот дел и може некако да помине, со задниот ситуацијата станува уште „покомплицирана“. Имено, станува збор за провокативен модел кој повеќе ги истакнува, отколку што ги сокрива (вештачките) облини на ѕвездата на реалното шоу „The Real Housewives of Miami“. Гледано од овој агол можеме само да заклучиме дека ова дефинитивно НЕ е модел за срамежливи девојки, но ни за оние коишто имаат добар и префинет стил на облекување.
Што мислите вие?