MAMAРецепти

Двобоен овошен колач омилен на сите – мек како сунѓер, евтин и брз

Овој евтин двобоен колач е прекрасен пример за тоа колку вкусно може да биде нешто едноставно. Слободно експериментирај со различно овошје – секогаш успева!

Advertisement

Ако барате евтин, домашен и превкусен колач, а се прави со состојки кои веќе ги имате на дофат– ова е вистинскиот рецепт.

Двобоен овошен колач со јаболка или со вишни е стар проверен рецепт на македонските домаќинки, идеален за со кафе, за гости или кога ќе ви се пријаде нешто сочно, меко и миризливо.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Состојки:

3 јајца

1 чаша шеќер

Advertisement

1 ванилин шеќер

½ чаша масло

1 чаша јогурт или кисело млеко

2 чаши брашно

1 кесичка прашок за печиво

1 лажица какао

Овошје по избор:

2–3 јаболка (рендани или исечени), или

1 чаша вишни, кајсии, сливи (може и од компот)

принтскрин јутјуб

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер додека да станат пенести.

Додадете го маслото и јогуртот, промешајте.

Постепено додавајте брашно со прашок за печиво и мешајте додека не добиете хомогена смеса.

Поделете ја смесата на два дела – во едниот додадете какао.

Во намастен плех ставете прво од белата смеса, наредете овошје, па одозгора темната смеса.

Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 30–40 минути.

Оставете да се излади, па посипете со шеќер во прав.

принтскрин јутјуб

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button