Дизајнерката на накит Анита Несторовска и модната блогерка Александра Спасеска вчера го претставија нивниот проект „Две Везилки“ во кој ги споија нивните интереси, поезијата и везењето монистра.
Двете соработуваа во креативниот тим надополнет од визажистот Виктор Мирчевски, фотографката Сара Коцевска и стилистот Марио Додовски во создавањето на приказната за љубовта кон уметноста, преточена во шест фотографии со деталните рачно изработени ѓердани на Несторовска и поезијата на Спасеска.
Проектот беше објавен на блогот Александрина Везилка каде авторката вели дека заедничка инспирација им била силната жена која знае да љуби, да истрае и да сонува. Штипка ексклузивно објавува дел од фотографиите, а останатите може да ги погледнете на блогот Александрина Везилка.
Посети го блогот на Александра Везилка »