Две причини поради кои ќе се зголемат пензиите во 2026 – една од нив ќе ве изненади

Во новата буџетска 2026 година ќе се потрошат околу 1.900.000 евра за редовна исплата на пензии, а повеќе од половина од оваа сума треба да се обезбеди од Централниот Буџет.
Во новиот документ „Предлог-буџет“ на државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување што бил доставен до Министерството за финансии се нотира дека сумата за исплата на пензии во 2026 година ќе се зголеми по две основи – пораст на бројот на пензионери и пораст на просечната пензија, но не како резултат на линеарно зголемување, пишува „Бизнис инфо“.
„Расходите за исплата на редовните пензии во 2026 година се предвидуваат во износ од 117.162,88 милион денари (од работничко право) и тоа за постојниот број на корисници на пензија и за новиот број кои своето право ќе го остварат во 2026 година и тоа со законското усогласување на пензиите кое важи за корисници на пензија кои правото на пензија го оствариле заклучно со 28 февруари 2026 година и проектиран процент од 2,7% за усогласување на септемвриските пензии“, наведуваат од ПИОМ.
Раководството на ПИОМ предвидува зголемени трошења но и амбициозни проекции за зголемени приходи во фондовската каса. Според контурите на новиот Буџет на ПИОМ, следната година клучните “даночни приходи“ се очекува да се зголемат на 1,3 милијарди евра, при што износот на наплатените придонеси се очекува да се зголеми по два основи, натамошен раст на бруто-платата и пораст на вработеноста за 3,2 % во 2025-та. Следната година “неданочните приходи“ се проектирани да достигнат износ од скоро 11,4 милиони евра. Редовната исплата на пензии и натаму останува условена од државната “инјекција“. Следната година државниот ПИОМ преку „трансфери“ (сите нивоа на власт) очекува 939 милиони евра што е за дури 245 милиони евра повеќе во однос на трансферите предвидени за годинава.



