Нега и здравје

Две намирници најмногу дебелеат кога се консумираат на „празен стомак“ – а со гаранција и вие ги консумирате!

Лекарите велат дека одредени намирници можат да бидат штетни ако се консумираат „на гладно“.

Advertisement

Појадокот е најважниот оброк во денот, но важно е да внимавате каква храна внесувате во организмот на празен стомак. Лекарите велат дека одредени намирници можат да бидат штетни ако се консумираат „на гладно“.

Зошто е важен првиот оброк наутро?

Појадокот активира многу метаболички процеси, па затоа е важно да знаете од што е составен и како влијае врз телото.

Advertisement

Во голема мера го обликува нашето понатамошно однесување во исхраната, влијае на здравјето на одделни органи и на телото во целина. Утрото ја одредува и нашата енергија и расположение, а честопати и телесната тежина зависи од тоа што јадеме во првиот оброк.

Затоа експертите препорачуваат секое утро да испиете чаша топла вода (може и со малку лимон во неа) и да изберете протеински појадок. А што не се препорачува?

Свежо цеден сок

Киселите сокови – какви што се повеќето кои ги нарекуваме „здрави“ и се прават од цедено овошје – можат да бидат штетни за желудникот. Освен тоа, соковите се извор на едноставни шеќери кои не не заситуваат – напротив!

Advertisement
пекселс

Ако ги пиете на празен желудник, тоа само ќе го зголеми апетитот и ќе доведе до натрупување на маснотии. Сето ова придонесува за дебелеење. Нутриционистите велат дека, ако повеќе сакате „течен“ појадок, подобро е да пиете смути од зеленчук.

Секоја форма на печиво

Повеќето луѓе избираат печиво за својот прв оброк, но тоа е една од најлошите опции. Големата количина шеќер, маснотии и пченично брашно го зголемува нивото на шеќер во крвта и создава лажно чувство на ситост – кое брзо исчезнува.

пекселс

Пецивото на празен стомак само придонесува за натрупување вишок килограми.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button