Дваесетина наши познати велат фала во едно видео – еве што стои зад оваа „акција“
Погледнете, уживајте и гледајте што почесто да го користите зборот фала.

По сѐ изгледа „фабриката” ДНК нема намера да го намали темпото кога се во прашање создавањето на нови песни.
По тој повод, пред два дена Панчо и Андреј преку социјалните мрежи го најавија нивниот најнов музички проект.

Имено, јавноста беше изненадена од видеото кое беше споделено, бидејќи на него се појавуваат дваесетина јавни личности и сите од нив кажуваат само еден едноставен збор – „Фала”.
Причина за ваквата кампања е всушност најновата песна на музичкото дуо ДНК. Нејзиниот наслов е токму тој – „Фала”. Она што е важно да се потенцира е тоа што станува збор за песна која по својот стил потсетува на звукот од 2000-те години.
Инаку како и претходните песни, така и на оваа како автори се потпишува незаменливиот тандем Панчо и Лазар Цветковски. Исто така за потребите на “Фала” се сними видеоспот, во кој покрај Андреј и Панчо се појавува и преубавата кумановка Теа Ѓоргиевска. Екипата која го снимаше спотот се добропознатите Огнен Шапковски и Кристијан Теодоров, а истиот се снимаше во хотел “Лимак” во центарот на нашата метропола.
Погледнете, уживајте и гледајте што почесто да го користите зборот фала: