Колку и да се корисни, некои совети за подолги трепки едноставно се премногу тешки за изведување во домашни услови, а оние кои гарантираат успех, може да бидат премногу скапи.
Колку и да се корисни, некои совети за подолги трепки едноставно се премногу тешки за изведување во домашни услови, а оние кои гарантираат успех, може да бидат премногу скапи. Меѓутоа, постојат и некои мали трикови кои функционираат без оглед на тоа што немате нова маскара и слично. Односно, единствено што е потребно е малку поинаков пристап во секојдневната рутина.
Тајната е во нанесувањето
Секогаш се нанесуваат два слоја маскара. Меѓутоа, првиот слој се нанесува само на врвовите, а потоа продолжувате со нормалното нанесување.
Зошто ова е секогаш корисно?
Поради нанесувањето на два слоја маскара на класичен начин, трепките често стануваат тешки, па на нив се создаваат мали топчиња. Ако најпрво маскарата ја нанесете само на врвовите, тогаш додавате должина таму каде што е најпотребно.