Дуњата е витаминска бомба која уште од одамна е позната во народната медицина. Пред сѐ таа се користи како средство за ублажување на кашлица и смирување на стомачните тегоби. Ова благотворно овошје потекнува од југозападна Азија, а нејзини лековити делови се плодот, листовите и семето.
Семките се нејзиниот најлековит дел, па кога ќе постојат малку во вода ослободуваат слуз која помага при проблеми со кашлицата. Тие содржат голема количина витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство. Семките се богати и со танин, пектин, шеќер, јаболкна киселина… Ова овошје поволно делува на работата на цревата и ги спречува инфекциите. Исто така дуњата поволно делува на крвниот систем, помага во намалување на крвниот притисок и нуди заштита од радиоактивни зрачења.
Печената или варена дуња се препорачува за лица кои страдаат од анемија. Чајот од листовите на дуњата е одличен природен лек за запирање на дијареа.