Наши ѕвезди

Дунавка Трифуновска искрена – од машки новчаник си земам сѐ што сакам

Во последната епизода на „Нешто Конкретно“ темата беа парите, мажите и жените, а гостите коментираа на вечната дилема: за мир во куќа кој треба да биде финансисер, а кој финансиски менаџер, но и зошто жената треба да крие пари од мажот?

Advertisement

Разноликоста на гостите донесе одлични коментари, но и поука дека кога ќе настане кавга за пари жената е секогаш во право!

Бизнисменот и финансиски ментор пак, Зоран Витанов, даде свое видување од призмата на парите, па рече: Држете ја жената до себе, а парите подалеку од себе, но како маж заклучи и дека не е глупав мажот што на љубовницата ѝ купува кола тоа се вика компензација.

Advertisement

Нашата позната манекенка Дунавка Трифуновска кажа дека секогаш избира кеш пред картица и дека верува во љубовни приказни помеѓу мажи кои на љубовниците им купуваат скапи автомобили, подароци и патувања.

– Јас на работите не гледам така сурово! – рече Дунавка.

Пејачката од Куба, Јасмин Лопез пак, која е мажена за Македонец и живее во Скопје повеќе од 10 години, имаше интересни заклучоци, но направи разлика и помеѓу Македонија и Куба и рече:

Advertisement
фото приватна архива

„Во Куба мажот оди со тебе по продавници и тој одлучува што треба да купиш, потоа додаде дека македонските мажи кога имаат ти даваат се“.

За првпат се појави и еден од битолските бизнимени Теодор Тодоровски поранешен банкар, а сега сопственик на П2П платформата за инвестиции кои заклучи: Жената и да крие пари од мажот крие за да се дотера и да му биде поубава на мажот!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button