Дукан диета: Дали се имате запрашано зошто жените во Франција изгледаат толку витки и витални, без разлика на возраста?
Дукан диетата е одговор на вечното прашање како да ослабиме. Имено, кога францускиот еминентен нутриционист Др. Пијер Дукан ја претстави својата Дукан диета пред 10 години, книгата набргу стана бест селер во Франција и поттика андерграунд револуција во исхраната на разни интернет страни, форуми и блогови.
Денес повеќе од 1,5 милиони Французинки уживаат во нејзините долготрајни резултати. Политичари, филмски ѕвезди, модели, вклучувајќи ги Жизел Бунджен, Џенифер Лопез, војвотката Кејт Мидлтон, кои ја живеат Дукан диетата, привлечени од ветувањето и ултимативниот сон на сите кои сакаат да имаат добра фигура – добра линија додека јадете по желба.
Дукан диетата е всушност 4 разчични програми кои доаѓаат во фази. Започнува со драматично и брзо губење на тежината, после што следи структуриран, но едноставен и долготраен режим на исхрана кои осигурува веќе никогаш да не ги вратите несаканите килограми.
Важен елемент кој ги поврзува овие 4 стадиуми е консумацијата на ништо освен протеини. Можеби звучи слично како Аткинс диетата, но Дукан е сепак прилично поразлична.
„Не ми се допаѓаше идејата да ги ставам луѓето на доживотна диета. Тоа би било невозможно, постои преголемо задоволство во храната“, објаснува доктор Дукан. Наместо тоа, се решил за иновативна фаза на исхрана која постепено се менува.
Протеински ден
Ако ги следите плановите на исхрана, вашата нова тежина ќе стане стабилна и ќе можете нормално да живеете и јадете по желба, со еден мал исклучок – еден ден во неделата (Дукан го сугерира четврток) мора да јадете само протеини – и така до крајот на животот!
„Применувајќи го ова правило, можете веднаш да изгубите 1 кг., како и да ги исправите евентуалните грешки кои се случуваат во остатокот од неделата“, додава Др. Дукан.
Дукан диетата започнува со кратка фаза на ’напад‘, при што консумирате само протеини – месо, риба, јајца и млечни производи со ниско ниво на масти. Ваквиот почеток го дава почетниот ’замав‘, предизвикувајќи драматично губење на тежината, претставувајќи основа за останатите фази. Поради тоа што е екстремно ефективна, многумина можат да очекуваат губење до 3 килограми во првите 5 дена.
II. фаза
После максимално 10 дена на протеинска фаза, се префрламе на следната наизменична фаза во која ги комбинирате деновите кога консумирате само протеини, со денови кога можете да додадете и зеленчук.
III. фаза
Кога ќе јас достигнете својата идеална тежина, следи фазата на консолидација, во текот на која постепено додавата намирници како леб, овошје, сирење, тестенини. Можете дури да имате и два слободни оброци по сопствена желба (вклучувајќи алкохол, чоколадо, воглавно храната која ја сакате) во текот на денот. Во оваа фаза нема да изгубите килограми, но нема ни да ги добиете. Целта на оваа фаза е ублажување на желбата за враќање на старо и создавање на рамнотежа.
IV. фаза
Откако ќе заврши оваа фаза и вашата тежина се стабилизира, слободни сте до крајот на животот да живеете на француски начин, да јадете и пиете што сакате, без рестрикции, имајќи на ум само едно правило: протеински ден во четврток. До крајот на животот!
Наредната недела, во следниот прилог за Дукан диетата ќе ви дадеме комплетна шема на тоа како би изгледале сите фази, со поединечни денови и примери за тоа како би можело (и треба) да изгледа вашето мени во Дукан диетата.
Извор: metro-portal.hr