Огласи
NEWS

Духовни мисли од Св.Јован Златоуст, златната труба на правoславиeтo – „Ако родителите внимателно ги воспитуваа своите деца, не би било потребно ниту закони, ниту судови, ниту казни, ни јавни убиства“

Денес, 9 февруари, сe празнува прeнoсoт на мoштите на Св.Јован Златоуст oд eрмeнскoтo сeлo Кoман (кадe штo какo прoгoнeт умрeл) вo Цариград кадe штo пoранo какo патријарх управувал сo Црквата.

advertisement
advert

Св. Јован Златоуст е познат како златна труба на православието. Денес ви носиме неколку духовни мисли од светителот.

„Подобро леб со сол во мир и без тага, отколку мноштво скапоцени јадења во тага и жалост.“

„Не е страшен гревот, туку бесрамноста по гревот.“

реклама

„Оние кои повредуваат со зборови се многу полоши од оние кои гризат со заби“.

„Богатството има само надворешен сјај, а внатре е исполнето со темнина, додека сиромаштијата – напротив. Ако би се отворила совеста на секого пред тебе, тогаш во душата на сиромавиот би видел голем спокој и сигурност, а во душата на богатиот – немир, збунетост и вознемиреност.“

„Да се засрамиме барем од ѕверовите. Кај ѕверовите сè е заедничко: и земјата, и изворите, и пасиштата, и планините, и шумите. А човекот станува посвиреп од ѕверот, изговарајќи ги овие студени зборови: ‘Тоа е твое, а ова е мое’.“

Марpкетинг

„На човекот му е невозможно секогаш да биде ист и во сè да успева, туку е природно понекогаш да биде послаб од својата сопствена сила.“

„Награди има не само за доблестите, туку и за страдањата, а за страдањата не се помали од тие за доблестите, понекогаш се дури и поголеми.“

„Кога ќе го нахраниш гладниот, сметај дека себеси си се нахранил. Таква е природата на ова дело: она што ќе го дадеме, ќе се врати кај нас“.

„Дајте им помош на тие кои нè молат за тоа, и дури ако нè лажат, не треба да се дава премногу значење. Зашто такво милосрдие, простување и добрина заслужува секој од нас.“

„Ако родителите внимателно ги воспитуваа своите деца, не би било потребно ниту закони, ниту судови, ниту казни, ниту мачења и јавни убиства.“

„Кој го ограничава постот само со воздржување од храна, тој многу го понижува. Не само усните треба да постат, не, нека постат и очите, и слухот, и рацете, и нозете, и целото наше тело.“

„Молитвата е големо оружје, неисцрпно богатство, пристаниште на мир, основа на спокојот; молитвата е корен, извор и мајка на бескрајните блага и посилна е од царската власт.“

„Што е смиреност, а што е малодушност? Кога ние, гледајќи ги другите како ги навредуваат, не ги браниме, туку молчиме, тоа е малодушност; кога пак самите, примајќи навреди, трпиме, тоа е смиреност.“

epp

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button