Хороскоп

Духови од минатото – три хороскопски знаци пред кои бившите ќе паднат на колена!

Совет од ѕвездите: Оваа недела е во знакот на кармички враќања. Некои врати е подобро да останат затворени, но некои можеби заслужуваат втор поглед. Следете ја вашата интуиција!

Advertisement

Некои минати приказни никогаш целосно не завршуваат, а оваа недела ѕвездите носат неочекувани пресврти за три хороскопски знаци.

Некогашните љубовници, пријатели или дури и поранешни шефови ќе сфатат колку сте им значеле и ќе посакаат да се вратат во вашиот живот. Но, дали ќе им отворите врата?

Advertisement

Лав – Поранешниот шеф или колега ќе ви се врати со понуда

Оваа недела, еден ваш стар работодавец или колега ќе сфати дека без вас не оди толку глатко. Можеби сте заминале во потрага по подобра шанса, но сега минатото тропа на врата – со нови предлози, извинувања или дури унапредување што порано ви го ускратиле.

Прашањето е: дали ќе се вратите назад или ќе го оставите минатото таму каде што му е местото?

Advertisement

Шкорпија – Поранешната љубов не може да ве заборави

Неочекувана порака, случајна средба или „случајно“ лајкнување на стара фотографија – вашето поранешно момче/девојка не може да најде мир.

Свесни се дека сте биле незаменливи и сега се прашуваат дали имате уште место за нив во срцето. Дали ќе им дадете уште една шанса, или само ќе уживате гледајќи како се каат? До вас е.

Водолија – Поранешен пријател ќе посака повторно да биде дел од вашиот живот

Мината расправија, недоразбирање или едноставно оддалечување – нешто што некогаш ве разделило со близок пријател, сега ќе добие можност за поправен испит.

Оваа личност сфаќа колку сте ѝ недостигале и ќе направи сè за да ја вратите старата блискост. Но, дали вашето срце е подготвено за простување? Простете и ќе ви биде простено.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button