Личностите родени во знакот Скорпија се едни од оние со кои ретко може да ви тргне на прва.
При запознавањето тие се многу внимателни, сакаат добро да го испитат теренот и ја проучуваат детално личноста пред нив. Сепак, вреди да ги имате до себе зашто се многу духовити, а кој не сака да има вакви пријатели?
Скорпиите сакаат квалитетен сарказам и црн хумор, а немаат проблем со шегите на сопствена сметка. Вашите непријатели се и нивни. Ако некој ги допре луѓето кои тие ги сакаат, тогаш Скорпиите знаат да бидат немилосрдни. Силно и без ограничување ќе ги штитат своите најмили, а нападите на нивните блиски ги сфаќаат многу лично.
Сите треба да имаме барем еден пријател кој има добра интуиција и од кој секогаш можеме да добиеме квалитетен совет. Освен ова, Скорпиите нема да ви дадат да се откажете премногу лесно. Кога еднаш ќе постават некоја цел, тие се фокусираат и одат до крај. Скорпијата ќе ви даде пример и ќе ви покаже дека со сила и упорност можете да постигнете многу.
Освен наведеното, предноста да имате Скорпија за пријател е тоа што секогаш можете да им се доверите, а вашите тајни со нив се сигурно. Освен тоа што не се склони кон озборување и многу се таинствени, никогаш не би ги издале пријателските чувства кои ве поврзуваат.