Со овој хороскопски знак владее планетата Венера која е симбол за љубов, убавина, уметност, хармонија… а сето ова е својствено за личностите родени во овој знак. За овие личности исто така можеме да кажеме дека се друштвени, отворени, имаат одлична смисла за убавина и уметност, а посебно се желни за правда.
Не треба да помислите дека тие секогаш ќе бидат како адвокати, туку треба да сфатите дека нив сериозно ги нервира неправдата и некоректните ситуации, па секогаш гледаат да ги средат работите кои не се во ред, без разлика дали се свои или туѓи.
Тие не се агресивни, туку напротив, секогаш гледаат да ги избегнат кавгите и умеат многу дипломатски да ги решат проблемите. Вагите се љубезни, пристојни, грациозни и никако не сакаат насилства. Лесно опростуваат кавги, но не ги забораваат грешките кои длабоко ги повредиле. Личностите родени во овој хороскопски знак сакаат дружења и време поминато надвор од својот дом, па ретко ќе ги видите како се досадуваат седејќи дома и гледајќи телевизор. За разлика од другите, тие секогаш сакаат покрај себе да имаат друштво
Меѓутоа, Вагите имаат и своја лоша страна. Тие многу често се неодлучни и тешко самостојно донесуват одлуки. Тешко им е да изберат страна доколку некогаш западнат во ситуација да мора тоа да го прават.Тие се озбилни, строги и силни, но понекогаш изгледаат далечни и недопирливи. Секогаш се трудат да ги задоволат другите и да бидат љубезни, дури и кога тоа вистински не го чувствуваат.