На 22 април со локација во ресторанот „Барбакан“ во Скопје, сараевскиот футуристички бенд dRUMELODY за прв пат во Скопје ќе одржи промоција на новиот албум „АЕРО“, во издание на „Dancing bear“/„Warner music“ Хрватска.
Албумот го сочинуваат 9 песни, а обвивката е креирана според главната хероина од стрип изданието на Берин Тузлиќ ака dRUMELODY насловен „Devil in side”, според кој е изработен и првиот видео анима сингл за пената “Bad sunshine”.
Топ 3 места каде ќе ве послужат со најдоброто кафе во Скопје >>
dRUMELODY е оne man band во која главен збор има тапанарот, перкусионистот, стрип цртачот и аниматорот Берин Тузлиќ, чиј краток анимитан филм „Реквием за Пинокио“ минатата година се најде во официјална конкуренција на Канскиот филмски фестивал. Главна карактеристика на овој музички концепт е во тоа што тапанот како инструмент го има главниот збор. Токму затоа dRUMELODY привлекува се повеќе внимание со необичните настапи во живо не само на Балканот, туку и во другите европски градови како Берлин, Амстердам, Талин, Дубаи…
Албумот е објавен на винилно издание и во мп3 формат и е достапен на музичките платформи Deezeru и GooglePlay. Берин Тузлиќ е автор и на анимираните видео спотови кои го следат албумот, и кои ќе бидат изведени и на неговиот настап по промоцијата.
{youtube}usr82MUHAu0{/youtube}
Добредојдени сте на промоцијата, каде авторот ќе подари винилни изданија на албумот, како и стрип табли од стрипот „Devil in side”
Кликни тука и види каде се наоѓа и како изгледа Барбакан >>