Реклама
Кафе муабет

Благослов е денес да пронајдеш вистинска другарка

Реклама

Вистинската другарка  е личноста која знае што да направи кога се соочуваш со емотивна криза.

drugrka1

Знае кога треба да се појави со пуканки и пиво, а кога да те извлече од дома за да не мислиш на тоа што ти се случува. Тоа е личноста на која не треба многу да и кажуваш, личноста којашто само што ќе те погледне знае дека се распаѓаш и личноста која дури и по една реченица напишана во порака може да намириса дека не е се  како што треба.

Маркетинг

Вистинската другарка нема да се преправа дека не знае дека не ти е добро. Таа веднаш ќе те праша што ти е, а кога ќе се обидеш да и речеш дека си добро, ќе ти рече: „Не, сериозно, што ти е?“ Тоа е личноста на која не и е проблем по 100 пати да ги слуша истите приказни за дечкото кој ти се допаѓа и личноста со која заедно го анализирате секој потег и секој збор, во потрага по знаци кои ќе ти покажат дека навистина му се допаѓаш.

Вистинската другарка ќе навива за вас да успеете и ќе го сака кога ќе те прави среќна, а прва ќе го колне кога ќе те повреди или изневери. Таа е ултразаштитнички поставена кон тебе и нема да дозволи да ти фали ни влакно.

Маркетинг

Ако се случи тоа, личноста што те повредила ќе се соочи со вистински гнев.

И без разлика на тоа во какви правци ви се движи животот, знаете дека утре ќе бидете стари и збрчкани и ќе седите заедно во клупа на парк, гледајќи ги вашите деца или внуци како си играат додека со носталгија се сеќавате на оние случки кои ве натерале да плачете и оние случки кои звучат како да се излезени од некоја американска комедија, а не од вашиот живот. И ќе се смеете до солзи. Солзи помешани од копнежот за оние стари добри времиња и среќата дека сепак имало некој кој стоел до вас во вашите најдобри, но и најлоши времиња.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button