Наши ѕвезди

Дракче објави фотографија од болнички кревет, згрозена од некои луѓе – Господи, ти биди со мене!

Поддршка и испратена љубов за саканата водителка пристигнуваат од сите страни на Македонија.

Advertisement

Саканата водителка на популарната емисија за готвење „Готвиме со Дракче“ и сопруга на пејачот Орце Стевковски, Драгица Стевковска – Дракче, денес со фотографија се огласи од болничка просторија, поточно од болнички кревет.

Фотографијата беше проследена со текстот „Господи, ти биди со мене!“.

Advertisement

Во објавата на Дракче пишува – „Што да одговорам на недоличниот коментар?…Колку ви плаќаат за да глумите дека сте болна..“, и дополнува дека се прашувам дали личноста која поставува вакви прашања има човечко во себе..

„Јас се борам со ужасни болки излезена од операциона сала.. Жално ,мизерно,безчуствително…“ – додава во објавата на својот фејсбук-профил Дракче.

Advertisement

За помалку од два часа од објавата пристигнаа речиси две илјади коментари со поддршка од сите страни на Македонија и од регионот, па дури и од бројни познати личности. Сите со желба Дракче што побрзо да закрепне и да ни се врати на малите екрани, насмеана, како што секогаш ја знаеме.

Водителката деновиве се соочува со здравствени предизвици, а неодамна на социјалните мрежи се огласи и нејзината ќерка Ане Стевковска Маневска која им објаси на бројните обожаватели на мајка ѝ дека „мама е добро“ и им се заблагодари на сите за грижата и за упатените молитви.

И ние ѝ испраќаме на Дракче силна прегратка и желба за брзо закрепнување.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button