После породувањето, на новата мајка ѝ е потребна физичка и емоционална помош. Негувањето на едно мало човечко суштество 24 часа дневно, седум дена во неделата, бара многу труд и трпение. Така, драги татковци, кога сте дома, знајте дека потребна ни е и вашата помош. Кога и двата родители се дома, грижата за бебето е заедничка работа.
Бременоста, породувањето и доењето се навистина големи одговорности за една мајка, па затоа, трудете се да ѝ помагате колку што е можно повеќе. На пример можете да готвите. Подгответе појадок пред да одите нар абота, или пак преземете ја одговорноста за спремање вечера, кога ќе бидете во можност. Здравата храна често се заборава кога доаѓа бебето, па затоа, трудете се да ја одржувате оваа навика, при што ќе се чувствувате помалку уморно и ќе имате повеќе енергија.
Исто така, грижете се за својата партнерка така што ќе ѝ дозволите да има време за себе. Кога бебето ѝ е во рацете по цел ден, особено по породувањето, на грбот му доаѓа голем товар. Затоа, ако не можете финансиски да си дозволите да ја испратите вашата жена на масажа, тогаш понудете си вие лично да ѝ бидете масажер, но не очекувајте ништо за возврат.
Направете ги заедничките моменти вредни за паметење!