Ако сте Скорпија во хороскоп, тогаш ова ќе ви биде одличен период да се зближите со вашиот партнер, а особено ќе ви годи ако отпатувате некаде заедно. Добро би било да се опуштите и да заборавите на сите проблеми од минатото.
Исто така и вашиот сексуален живот ќе ви се одвива добро, па пуштете ја фантазијата и уживајте во меѓусебното друштво. Октомври е идеален месец за да ги остварите вашите заеднички планови и цели. Слободните Скорпии пак треба повеќе внимание да обрнуваат на ситните детали, зашто никој не е совршен, а многу често убавината може да се пронајде токму во несовршеноста. Како и да е, избегнувајте да бидете импулсивни овој месец. Покрај многуте обврски, потребен ви е и одмор, за да размислите добро за наредните чекори.
Исто така овој месец ќе ви бидат изразени и комуникациските способности, па време е да да поставите и нови цели во вашата кариера. Започнете нешто ново и не плашете се од неуспех. Само напред!