Дом и семејство

Драгана од Валандово – девојче со срце полно со стихови и прсти што свират љубов

По повод Меѓународниот ден на детето ви ја претставуваме преслатката Драгана Рајкова – поетеса, пијанистка и амбасадорка на детската искреност и добрина.

Advertisement

Драгана Рајкова е одлична ученичка во шесто одделение во основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Валандово.

приватна архива

Од најрана возраст другарува со книгите, многу чита, пишува поезија и свири на пијано. Ги сака животните. Ја сака природата. Но најмногу ги сака книгите.

Advertisement

Во април, на Денот на книгата и авторското право, во Домот на културата во родното Валандово, беше промовирана нејзината втора стихозбирка „Ѕвездено небо“. Нејзината прва стихозбирка „Спомени од моето детство“ ја напиша на само 10-годишна возраст.

приватна архива

„Песните на Драгана се ода на детството. Драгана со многу љубов, топлина и искреност не носи низ шареноликите ливади на детството.Невино, наивно, чисто, искрено, детски, од срце е напишан секој збор на Драгана. Таа нејзина чиста невиност блика во нејзините стихови и топли, гушка, оплеменува, исполнува, скокотка, разгалува, разнежнува. Драгана со секој свој стих ни ја пренесува таа љубов со која расте, добрината со која е опкружена и во тој дух воспитана за да биде добар човек“- истакна поетесата м-р Десанка Николова, која беше промотор на двете стихозбирки.

приватна архива

Покрај пишувањето, Драгана свири на пијано и не и претставува проблем да ги усогласи училишните обврски со нејзиното хоби.

Advertisement
приватна архива
приватна архива

По прирорда е скромна, тивка и мила. За Гламур.мк откри дека ја сака музиката, но нејзината прва љубов е пишувањето. Таа секојдневно создава нови песнички, чита и црпи инспирација за нови творби.

Почнала да пишува на седумгодишна возраст, а на осум години ја добила својата прва награда. Вели дека ја инспирира сè што ја опкружува, но најмногу сака да твори за семејството, за јазикот, за татковината и за природата.

За своите песни има добиено многу награди, а учествува и во голем број заеднички изданија од повеќе автори, рамо до рамо со истакнати поети.

Најголема поддршка ѝ се нејзините родители, Лејла и Виктор, кои ѝ ја пренеле љубовта кон музиката и пишаниот збор, но и нејзините баби и дедовци.  А може ли децата да раатат здраво и среќно без љубовта од семејството во кое се учат вистинските вредности. Најубавите, најтоплите, најемотивните стихови, Драгана ги посветила на нејзиното семејство.

МОЕТО СЕМЕЈСТВО – СРЕЌА, ЉУБОВ МОЈА

Кога дома сум сама,

со душа чекам,

да дојде,

мојата мила мама.

Во прегратката на тато,

сум како птица во јато,

тој секогаш ми пее,

и милно ми се смее.

Многу интересна е баба,

еднаш во собата и влезе жаба,

таа секогаш банички прави

кога имаме домашни слави.

Со дедо цело време,

гледаме Маша и Медо,

тој нема никакви мани,

сите луѓе на гости ги кани.

Мама ме вика – око,

а пак тато круша,

јас за нив сум,

нивната душа.

Само во семејството има љубов,

надвор од семејството

сè е камен суров.

На Драгана ѝ посакуваме среќно детство, исполнети соништа, многу нови стихови и издадени книги.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button