Реклама
MAMA

Дозовлете си барем еднаш неделно да ја почастите најважната личност во животот – самите себе

Реклама

Кога последен пат сте се почастиле себеси и сте направиле нешто за вас? Буквално само за вас. Кога сте се почастиле со масажа, нов парфем, книга, ручек со пријатели, фитнес или јога? Во секојдневниот брз живот често забораваме на најважната личност во својот живот, односно на себе.

ФОТО: selfavenue.com

Колку и да зборуваме дека немаме време, сите можеме да се посветиме малку на своите приоритети и да се чувствуваме исполнето. Не одложувајте ги работите и не оставајте ги за утре. Така минуваат деновите, па и месеците, а ние забораваме на себе и на своите приоритети, па и на работите кои ги сакаме и кои не’ исполнуваат. Ако во детството ве учеле дека прво мора да мислите на сите други околу вас, па потоа на себе, тогаш време е да ја прекинете оваа традиција. Застанете и самите одредете ги приоритетите во вашиот живот. Денес ние живееме во сосема друго време за разлика од нашите родители, време кога квалитеот на животот е во фокус и каде секоја личност има право да биде задоволна, радносна и исполнета.

Ако сте задоволни и исполнети, можете многу повеќе да придонесете за своето семејство, за своите активности и на работното место. Задоволни и исполнети може да дадете повеќе љубов, трпение и разбирање на луѓето околу вас, но и на самите себе. Како очекувате другите да ве ценат ако не се цените самите себе? Чувството на задоволство е фантастично кога ќе се почастите самите себе. Вие тоа го заслужувате! А кога сте го доживеале ова чувство последен пат?

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button