Иако на прв пат се чини дека ова однесување не е во ред, експертите велат дека е многу ефикасно.
Иако на прв пат се чини дека ова однесување не е во ред, експертите велат дека е многу ефикасно. Зборовите се остри како нож и лесно можат да ѝ наштетат на врската, особено ако се лажни. Но, постојат неколку ситуации во кои смеете да го лажете вашиот партнер. Проверете што е одобрено од експертите.
Во право си
Овие три мали волшебни зборови секогаш се функционални кога не се сложувате со партнерот, но и ако сакате да прекинете некоја кавга која не води никаде. Иако на прв поглед се чини дека ова однесување е спротивно на интуицијата, експертите велат дека е многу ефикасно.
Изгледаш сјајно
Универзален одговор на секое прашање поврзано за изгледот. Ова е ситуација во која секој бара поддршка и одобрување од партнерот.
Те сакам повеќе од сѐ на светот
Експертите утврдиле дека ова е тип на лажење кое помага да се одржува љубовта во една врска. Во прашање се големи изливи на нежност кои можеби изгледаат нереални, но ги мотивираат другите чувства.
Добро сум
Постојат ситуации во кои сакате да го заштитите партнерот од стресот низ кој поминувате, затоа што знаете дека тој едноставно не може да ви помогне во таа ситуација.
Те разбирам
Важно е да го поддржувате својот партнер и во некои ситуации да ги делите неговите емоции. Кога ќе ви ја раскажува кавгата со неговиот пријател, покажете разбирање за него, дури и ако не се сложувате во целост со она што го зборува.