Реклама
BEAUTYНега и здравје

Дознајте зошто секој ден треба да јадете боровници

Реклама

Хранливите состојки кои ги содржат боровниците го намалуваат ризикот од невродегенеративни болести, болести на срцето и рак. Токму затоа се препорачува нивна секојдневна консумација.

Го забавуваат стареењето на мозокот

Тие изобилуваат со антиоксиданси и содржат состојки кои го забавуваат стареењето на келиите на мозокот. Боровниците придонесуваат за подобро учење, ги подобруваат моторичките способности и ја успоруваат деменцијата.

Го чуваат срцето

Ова овошје содржи супстанции кои го намалуваат ризикот од собирање масни наслаги, а со самото тоа го штитат и срцето од болести. Студиите покажале дека редовното консумирање боровници го намалува ризикот од срцев удар, особено кај жените.

Маркетинг

Го регулираат шеќерот во крвта

Тие изобилуваат со витамин Ц и се одличен извор на хранливи влакна, при што помагаат во регулацијата на шеќерот во крвта. Боровниците особено им се препорачуваат на дијабетичарите.

Ги зајакуваат коските

Богати се со полифеноли кои ги зајакнуваат коските, па затоа им се препорачуваат на луѓе кои патат од артритис. Студиите покажале дека боровниците се особено корисни за жените во менопауза.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button