Реклама
Хороскоп

Биковите ги чекаат големи трошоци до 22.11. – дознајте што ви носи владеењето на Сонцето во знакот на Скорпија

Реклама

Ноември е месец на огнена љубов и страст! Дознајте што ве очекува базирано на вашиот знак во Зодијакот.

ФОТО: mnn.com

Овен

Внимавајте амбициите на работа да не ви го засенат личниот живот. На полето на љубовта ќе бидете оптимистични и полни со енергија. Добар момент е да си поставите нови цели, затоа што до нив ќе дојдете со леснотија.

Бик

Можни се неочекувани трошоци на полето на работата. До крајот на овој период сепак ќе успеете да пронајдете решение за излез од кризата. Нејасна ситуација на емотивен план.

Маркетинг

Близнаци

Сега е вистински момент на работното место да ги спроведите своите желби во дела. Многу комуникација и интеракција со луѓе, а пред се’ со пријатели кои соработувате на деловен план. На полето на љубовта ве очекува малку тешка ситуација со саканата личност…

Рак

На работното место ќе бидете под голем притисок зашто ќе се чувствувате преоптеретено. Водете сметка за вашите трошења. Исто така ќе бидете загрижени и на љубовен план, зашто потешко ќе наоѓате разбирање и решение со вашата сакана личност.

Маркетинг

Лав

Околностите ве наведуваат интензивно да размислувате за тоа дали треба да продолжите да работите за некој друг или да започнете свој бизнис. Овој период треба добро да ги разгледате предизвиците кои стојат пред вас. На полето на љубовта ќе бидете свесни за проблемите кои постојат, а не очекувајте и премногу трпение од вашиот партнер.

Девица

Ќе сакате да го промените вашиот живот од корен, но свесни сте дека тоа е речиси невозможно. Сета своја енергија ќе ја трошите на работата, а за саканата личност ќе ви останува само малку внимание. Бидете внимателни во комуникацијата.

Вага

Склони ќе бидете кон ризични потези, особено ако ја мешате љубовта со работата. Непријатните случувања во работната околина од вас ќе бараат да си поставите самите своите граници. Саканата личност, пак, ќе има слух за вашите потреби и ќе ви се чини дека ве познава подобро од вие самите.

Скорпија

Работата ќе ве поттикнува интелектуално, а вие ќе имате силни ставови и мислења кои се разликуваат од ставовите на другите, па тоа може да биде причина за бурни реакции и дискусии. На љубовен план ќе бидете насочени кон околината, а не кон вашиот партнер, па тој ќе ви најде и мали забелешки.

Стрелец

Проблемите од минатото ќе ви изгледаат многу потешки отколку што се навистина. Ќе се наоѓате во непријатни ситуации и ќе имате голем притисок, при што не ќе можете да се објасните себеси. И на љубовен план ќе бидете свртени кон минатото, без разлика дали станува збор за некоја бивша љубов или на односите со сегашната.

Јарец

И во овој период комуникацијата со другите луѓе ќе ви се одвива добро. Може да учествувате во важни дискусии и да се изненадите себси колку сте во состојба да им одговарате на другите. Главна тема во вашиот љубовен живот се некои фантазии, а на некои личности во овој знак овој период ќе им донесе и некои болни сознанија..

Водолија

На работата можете да се чувствувате премногу оптеретени, но тоа нема да е реално. Овој период ќе ви биде поволен за да научите нешто ново. Брзите приливи и одливи на пари ќе ви ја зголемат тензијата во домот, а ќе бидете склони и кон брзи одлучувања, па дури и ограничување на саканата личност.

Риби

Ќе се чувствувате одлично и ќе имате моќ да ги привлечете луѓето околу себе. Во овој период ви постои можност за докажување пред самите себе. На љубовен план на некој начин ќе бидете приморани рационално да ги согледате односите, иако ништо не е чисто и јасно. Имено, ќе чувствувате дека ги немате сите информации за личноста која ви се допаѓа, а од друга страна ќе прифатите љубов, затоа што тоа ви одговара.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button