На 9-ти јануари се слави свети Стефан, заштитник на болните, старите, сиромашните. Во пресрет на овој празник, ви откриваме што означува името Стефан.

Името Стефан (исто така и Стеван), води потекло од грчкиот збор „stephanos“, што значи круна, венес, па името Стефан буквално би значело крунисан. Името е длабоко поврзано со верата и со симболиката на венецот. Во христијанството, венецот е симбол на надеж, вечен живот и бесконечност. Венците ги пратат христијаните во текот на целиот живот.
Името Стефан е едно од најчестите имиња на светот и се среќава речиси во сите јазици. Колкава е популарноста на ова име низ историјата, зборува и фактот дека ова име го носеле многу кралеви и папи.
Народот го празнува овој празник на третиот ден об Божиќ. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик. Покрај Стефан, на овој ден празник слават и Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен…