Во продолжение прочитајте со кои хороскопски знаци никако не се сложувате и од кои треба што побрзо да се оддалечите – за ваше добро!
Овен
Ракот е вашиот најголем непријател. На Овните им е потребна независност, па затоа се чувствуваат загрозено поради посесивноста на Раковите.
Бик
Најголем непријател им е Овенот. Овие два хороскопски знаци се премногу слични карактерно, што доаѓа до кавги.
Близнаци
Најголем непријател ви е Девицата. Близнаците сакаат спонтаност, а Девиците ја сакаат само својата рутина.
Рак
Најголем непријател ви е Стрелецот. Раковите се чувствителни и верни, а Стрелците некогаш се премногу искрени…
Лав
Најголем непријател ви се Рибите. Лавовите се горди и сакаат слава, додека Рибите избегнуваат привлекување внимание.
Девица
Најголем непријател ви е Водолијата. Девиците секогаш се водат со разумот, а Водолиите честопати се нереални и неодговорни.
Вага
Најголем непријател ви е Скорпијата која ви создава дополнителни драми во животот.
Скорпија
Најголем непријател ви е Лавот. И двата хороскопски знаци се горди и имаат силна волја, но тешко наоѓаат заеднички јазик. И едните и другите се однесуваат доминантно и не сакаат да попуштат.
Стрелец
Најголем непријател ви е Бикот. На Стрелците им одговара слободата, а Биковите ја ценат стабилноста…
Јарец
Најголем непријател ви е Вагата. Јарците се фокусирани на работата, а на Вагите важен им е друштвениот живот.
Водолија
Најголем непријател ви е Јарецот. Вие сте целосно различни на секое поле: Од финансии, до зрелост, па на емотивен план не можете да најдете заеднички јазик.
Риби
Рибите се многу чувствителни за да можат да се поднесат со директните Близнаци. Нивната енергија знае да ги исплаши Рибите, дури и кога имаат добра намера.