Дознајте што вели хороскопот за тоа како секој хороскопски знак се однесува на социјалните мрежи.
Овен
Овните се фокусираат на себе и сакаат да се прикажат во најдобро светло, па често прават фотографии со ефекти пред истите да ги објават.
Бик
Припадниците на овој знак сакаат да објавуваат убави фотографии со луксузни работи, храна и места, а вклучени се и во сите групи кои моментално се во тренд.
Близнаци
Близнаците се прваци на социјалните мрежи и постојано бомбардираат со фотографии од себе, своите деца, партнерот или пак известуваат за својата емоционална состојба.
Рак
Многу Ракови ги мразат социјалните мрежи и максимално ги одбегнуваат, но кога ги користат, нивните објави се малку чудни, па затоа им служат само за да ги следат луѓето и да не изгубат контакт со нив.
Лав
Исто како и во реалноста, така и на социјалните мрежи Лавовите сакаат да привлечат внимание. Умеат да претеруваат со објава на фотографии каде што најчесто се во провокативни пози.
Девица
Девиците ги следат трендовите и се трудат да бидат во тек со нив, па имаат профили на сите социјални мрежи, но на ниту една не ја откриваат својата приватност.
Вага
Нивните профили секогаш изгледаат прекрасно и шарено, секогаш објавуваат уметнички фотографии со посебни ефекти поради кои изгледаат уникатно. Имаат многу онлајн пријатели, но брзо им здосадуваат туѓите објави.
Скорпија
Постојат два типа Скорпии: Еден тип претерува во користењето на социјалните мрежи, а друг тип ги користи само за да види што се случува кај другите луѓе. Првите објавуваат што било само за да ги воодушеват другите, а вторите имаат строго ограничени правила за приватност.
Стрелец
Тие најчесто објавуваат хумористични објави, прават секакви тестови на личноста и ги споделуваат своите резултати на профилот. Не постојат туѓи објави на кои тие не коментирале…
Јарец
Тие секогаш обрнуваат внимание на тоа каков впечаток оставаат, па знаат да им се налутат на пријателите кои понекогаш ќе им остават некој невкусен коментар.
Водолија
Водолиите исто така најчесто објавуваат смешни видео снимки, фотографии и вицеви. Често се служат и со пораки и мудрости кои ги коментираат со своите пријатели. Има периоди кога се активни секој ден, а потоа подолг период забораваат на својот профил.
Риби
Како еден од најкреативните хороскопски знаци, на Рибите им е важно профилот да им изгледа оригинално. Тие ставаат фотографии со пријателите и семејството, но не и премногу селфи фотографии, затоа што не сакаат на тој начин да привлечат внимание.