Реклама
BEAUTYКоса

Како омилената боја на коса да ви остане интензивна и постојана во текот на летото

Реклама

Колку и да го сакаме летото, мора да признаеме дека тоа носи и одредени проблеми, особено кога е во прашање бојадисаната коса. Потењето, сончевите зраци, морската сол и другите надворешни фактори ја избелуваат бојата и го оштетуваат влакното. Но, постојат и неколку трикови со чијашто помош можете да ја сочувате постојаноста на вашата боја, дури и ако освежување барате во базените.

1. Користете кокосово или маслиново масло за коса

Маслото за сончање е задолжителна опрема за на плаша, но не нанесувајте го на косата. Бојата и вашето влакно најдобро ќе ги заштитите со природни масла, како што е маслиновото или кокосовото. Одберете го своето омилено и пред да излезете на море или базен, нанесете го маслото на целата коса. Тоа ќе направи заштитен слој помеѓу прамените и морската сол, односно хлорот од базенот, па вашата коса ќе остане недопрена.

2. Истуширајте се пред бањање

Пред да отидете на базен или на море, истуширајте се со обична вода затоа што на тој начин косата ќе впие помалку хлор и морска сол. Истото повторете го и после пливањето.

Маркетинг

3. Врзете ја косата во коњско опавче

Фризурата која ја имате кога одите на плажа или на базен исто така игра голема улога во нејзиното одржување. Ако можете, најдобро би било што помалку да ја топите косата, а тоа најдобро ќе го постигнете ако ја врзете во коњско опавче или ако си направите пунџа.

4. Зголемете ја негата

Регенераторот за коса е задолжителен чекор во нејзината нега, особено ако е бојадисана. Но, во лето таа нега би требало да ја зголемите со маска, масла и други производи за сочувување на нејзината боја.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button