Реклама
Нега и здравје

Зошто на жените име е потешко да кажат „НЕ“ за дополнителна работа и што треба да се запрашате самите пред да речете “да“

Реклама

Со свртени очи кон заработка и мотивирани за кариера, сите сме запознаени со преземање дополнителна работа во канцеларија, но дали така не се прикраднуваме во  територија на жените каде одговорот е секогаш ’да’?

Маркетинг

Според едно ново истражување, на жените им е потешко да одбијат дополнителна работа отколку на мажите, што значи дека на жените им е потешко да одбијат задачи кои не се дел од описот на нивното работното место. Иако ова може да се припише на личноста, податоците покажуваат дека, всушност, општествените норми играат голема улога тука.

„Жените обично се сметаат за хранителки и помошнички, така што да се каже ’не’ е спротивно од правилата на она што може да се очекува од нив“, вели Кетрин О’Брајан, постдокторски соработник-истражувач во Факултетот за медицина во Бејлор, која спроведе три одделни студии за половите разлики.

Маркетинг

Но, вистинското прашање е: Дали оваа тенденција ни помага или ни наштетува? Одговорот е и двете. „Како што може да се очекува, жените кои рекле ’да’ на барањата за дополнителна работа биле повеќе ценети и сметани за ’тимски играчи’,“ објаснува О Брајан. „Жените имаат посилно чувство на вина кога велат ’не’,  а сепак се чувствуваат лошо додека ја вршат работата. Покрај тоа, тие не сакаат да бида омаловажувани и деградирани од страна на менаџери и соработници. Тоа се моќните причини зошто жените поверојатно ќе се согласат за дополнителна работа.“

Нема да биде изненадување тоа што фаворизирањето “да’ може да има свои недостатоци и тоа не само во вашиот личен живот. О’Брајан наведува еден пример каде што една жена, која секогаш била прва во преземање дополнителни проекти, се преоптоварила себеси така што не била во можност да заврши сè што презела. (Звучи познато?) Тоа во крајна линија довело таа да ја пропушти можност да напредува во кариерата.

Затоа, на учесничките во студијата им било советувано да речат, „Ќе размислам за тоа и ќе ве известам,“ и да разгледаат кои совети тие би му дале на најдобрата пријателка. О’Брајан, исто така, укажува на потребата да се постават следните три клучни прашања пред да се согласите за дополнителна работа:

1. Дали ’да’ ќе ми помогне да бидам успешна во организацијата?
2. Дали извршувањето на барањето ќе биде нешто што во што ќе уживам?
3. Дали ќе ми одземе време и ресурси од мојата работа?

Применете ги и известете нè. Нетрпеливо ве чекаме.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button